Aness Suheil Barghoti
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
РАМАЛА (АА) - Стотици израелски доселеници денес насилно влегоа во локалниот храм во градот Наблус на Западниот брег, предизвикувајќи судир со Палестинската младина.
“Најмалку 1.150 израелски доселеници се пробија во храмот на „Гробот на Јосиф“, под заштита на израелската армија и изведоа Талмудски ритуали”, изјави Ахмед Шамек, висок официјален претставник на блискиот бегалски камп Балата, за Anadolu Agency (АА).
Шамек изјави дека голем број млади Палестинци се собрале да протестираат против упадот, но израелските војници одговориле со гумени куршуми и солзавец, при што беа повредени најмалку тројца протестанти.
Гробот на Јозеф беше долго време невралгична точка на насилство помеѓу муслиманските верници и екстремните еврејски доселеници.
Евреите веруваат дека претставува местото каде што е погребан библискиот патријарх Јозеф.
Муслиманите, пак, се спротиставуваат на ова тврдење, велејќи дека на тоа место пред два века е погребан муслиманскиот имам- шеикот Јусеф Давикат.