Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
29 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
НАБЛУС (АА) - Во Наблус, на Западниот Брег, дојде до напнатост за време на која интервенираа израелските војници и ранија еден Палестинец, јавува Anadolu Agency (AA).
До интервенции и тензии дојде поради влегувањето на еврејските доселеници на подрачје за кое се тврди дека е место на почивање на божјиот пратеник Јусуф.
Локални извори наведуваат дека една група еврејски доселеници влегле во споменатото подрачје во придружба на израелските војници. Палестинците реагираа, по што следуваше интервенција од страна на израелските војници.
Од палестинската Црвена полумесечина наведуваат дека е ранет еден Палестинец. Евреите веруваат дека на тоа подрачје во Наблус, на Западниот Брег, се наоѓа гробот на божјиот пратеник Јусуф.
Меѓутоа, археолозите наведуваат дека станува збор за гроб стар неколку века и оти тој припаѓа на муслиман по име Јусуф ед-Дувејкат.