Ekipa
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско планира да ги посети Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во февруари, со што додаде уште една земја на веќе пополнетата листа на патување во 2019 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ватикан денес соопшти дека папата за време на посетата ќе присуствува на меѓурелигискиот состанок во Абу Даби од 3 до 5 февруари на кој главна тема ќе биде мирот. Логотипот за средбата содржи гулабица со маслинова гранка, што укажува на тоа дека папата Франциско силно ќе апелира на христијанско-исламскиот дијалог.
Папата во Обединетите Арапски Емирати ќе патува само седум дена откако ќе се врати од посетата на Панама, каде што ќе престојува од 22 до 27 јануари за да присуствува на Светскиот ден на млади на католичката црква.
Во март папата би требало да отпатува во Мароко, а исто така за 2019 година се разгледува можноста и за посета на Јапонија.