Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Tüfekçi
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
КАИРО (АА) - Папата Француско вчера стигна во историска дводневна посета на Египет, а првиот ден заврши со средба со коптскиот папа Тавадрос II, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Франциско за време на посетата сака да покаже обединетост на христијаните и муслиманите против верската нетрпеливост. Со Тавадрос II се состана во катедралата Свети Марко во Абасија.
„Вашата посета е нов чекор на патот на љубовта и братството помеѓу народите. Вие сте симбол на мир и љубов” , му кажа Тавардос II на папата Франциско.
Потсетувајќи на нападот на црквата во Египет папата ги осуди нападите без разлика дали се во Египет или во регионот.
„Денешниот состанок е чекор кон слободата и мирот” , порача папата. Папата Франциско и Тавадрос II по состанокот предводеа миса во коптската црква на свети Петар и Павле каде во бомбашки напад во декември минатата година беа убиени 29 лица.
Денес ќе се состанат со претставниците на малата католичка заедница во Египет, која вборјува 165.000 припадници и ќе служат миса.
Папата Франциско во пресрет на посетата на Египет изрази надеж дека неговата посета ќе даде важен придонес за меѓурелигискиот дијалог со исламскиот свет и екуменски дијалог со почитуваната Коптска православна црква.