Ekip
28 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
КАИРО (АА) - Папата Франциско пристигна во Египет, во историска дводневна посета во текот на која сака да се покаже обединетоста на христијаните и муслиманите против верската нетрпеливост, јавува Anadolu Agency (AA).
Светиот отец ќе одржи низа симболични состаноци со египетските верски и политички лидери, и ќе учествува на меѓународната мировна конференција во организација на Универзитетот Aл-Aзхар, кој се смета за светско седиште на сунитското исламско учење.
Папата исто така ќе покаже симболичност и ќе донесе порака за мир во земјата што веќе со години страда поради бунтот на локалниот огранок на ДЕАШ.
Папата Франциско во пресрет на посетата на Египет изрази надеж дека неговата посета ќе даде важен придонес за меѓурелигискиот дијалог со исламскиот свет и екуменски дијалог со почитуваната Коптска православна црква.