Mahmut Atanur
22 Февруари 2020•Ажурирај: 23 Февруари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Махмут Атанур
Паркот „Мала Венеција“, инспириран од познатиот италијански град, направен на подрачјето на Западна Јава во Индонезија, претставува неизбежна дестинација на голем број домашни и странски туристи, пишува Агенција Анадолија (АА).
Изграден во шумско подрачје во регионот Чианџур пред 20 години, „Мала Венеција“ спаѓа меѓу позначајните туристички дестинации поради изворната структура, чистиот воздух и погледот на шумите.
Посетителите што доаѓаат да го видат паркот, во гондолите го посетуваат сето она што тој го пружа. Тоа посебно им е интересно на паровите. Во склоп на паркот се наоѓаат и тениски терени, патеки за јавање, базен и детско игралиште.
Претставник на Паркот, Агус Јулијанто, за АА рече дека покрај локалните туристи, Паркот по посетуваат и туристи од Сингапур, Малезија, Индија и од Блискиот Исток.
„Секоја седмица угостуваме илјадници туристи. Во текот на викендот имаме повеќе посети. Најмногу посети имаме од Европејци, но и од луѓе од Индонезија кои не ја посетиле Венеција во Италија“, рече Јулијанто.
Инне Диана (42) од Бандунг ја посетила „Мала Венеција“ со нејзините деца.
„Не ја посетив Европа. Среќна сум што тука имам можност да видам како изгледа Венеција и да се возам со гондола“, раскажа таа.
Меѓу посетителите беше и 21-годишната Сри Ају Вуландари.
„Тука сум со пријателите. Ова е супер место за забава и посета на семејствата. Гондолите ми се допаѓаат многу“, рече Вуландари.