Kasım İleri
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон во нацрт-буџетот за 2019 година во рамките на борбата против ДЕАШ, за потребите на Сириските демократски сили (SDG), огранокот на ПЈД/ПКК во Сирија, издвои вкупно 550 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Пентагон само со цел поддршка на програмата „опреми-обучи“ за СДГ издвои 300 милиони долари.
Освен тоа, во нацрт-буџетот за 2019 година за потребите на граничните безбедносни сили, во рамките на мисијата против ДЕАШ, предидени се 250 милиони долари.
Според податоците со кои располага новинарот на АА, за програмата „опреми-обучи“ во рамките на борбата против ДЕАШ во 2018 година издвоени се 1,8 милијарди долари, додека во нацрт-буџетот за следната година за истата цел се бараат вкупно 1,4 милијарди долари.
Инаку, Пентагон во текот на 2018 година за потребите на партнерите во Сирија ќе одвои вкупно 500 милиони долари.
Буџетот на Пентагон за оваа година изнесува 700 милијарди долари и станува збор за досега најголемо издвојување на средства за одбраната.
Сепак, буџетот за одбрана на САД за 2019 година, како што дознава АА, ќе изнесува речиси 800 милијарди долари.