Kasım İleri
18 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Русија ги погоди силите подржани од САД во борбата против ДАЕШ, во серија на воздушни напади во Сирија во близина на ал-Танф, потврди вчера Пентагон за Anadolu Agency (AA).
„Руските авиони не беа активни во оваа област на северна Сирија долго време, немаше сириски режим или Руски копнени сили во близина” , изјави високиот официјален претставник на одбрана на САД преку е маил.
Според неколку американски медиуми војската на САД по првиот напад итно ја повика Москва да ги спречи нападите, но официјалниот претставник не даде никакви дополнителни информации.
„ Неодамнешните напади на Русија покренаа сериозна загриженост во врска со намерите на Русија. Ќе бараме објаснување од Русија зошто презеде ваква активност и сигурност дека нема да се случи повторно”, додаде тој.