Büşra Selvi Öğütcen
17 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Во светот секој ден е се помал бројот на расположливи ресурси на вода, а околу 1,8 милијарди луѓе на планетата не се во можност да пронајдат чиста вода, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обединетите нации (ОН) по повод 17-ти јуни, Светскиот ден на борбата против дезертификација и суша, предупредија дека во целиот свет околу 1,8 милијарди лица се лишени од можноста за пристап кон чиста вода.
Во извештајот и глобалната анализа на ОН за питка вода наведено е дека 748 милиони луѓе во светот немаат пристап кон питка вода, како и дека со изворите со кои обезбедуваат питка вода за 1,8 милијарди луѓе, е помешана со канализациска вода.
Исто така, Светската здравствена организација (СЗО) сооппшти дека секоја година умираат најмалку два милиони луѓе од последица на различни епидемии, чија причина е користењето на вода од несигурни извори. Секој ден умираат околу илјада деца поради болест од нечиста вода.
СЗО исто така предупредува дека користењето на отпадни води за наводнување и земјоделство со себе носат голем ризик за здравјето на општеството. Околу 80 отсто од отпадните води без прочистување се влеваат во морињата, езерата или реките, а 70 отсто од водата која се зима од езерата и реките се користи за залевање и земјоделство.
Експертите сметаат дека доколку по ова прашање не се преземат неопходни мерки, во иднина би претставувало многу поозбилен проблем по светската популација.
Во извештајот на ОН исто така се наведува дека најмалку 1,8 милијарди лица во светот не се во можност да дојдат до квалитетна и сигурна питка вода.
Се претпоставува дека во наредните 15 години може да исчезне половина извор на чиста и квалитетна вода, како и дека глобалната потреба за вода 2050 година може да се зголеми за 55 отсто.