Bayram Altuğ
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ЖЕНЕВА
Околу 5.400 државјани на Венецуела во еден ден пристигнаа во Перу, ден пред воведувањето нови услови за влез на мигрантите кои бегаат од оваа јужноамериканска земја во криза, информираа Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Рехина де ла Портилја, службеничка за информации на УНХЦР, изјави дека илјадници државјани на Венецуела од безбедносни причини пристигнале до границата со Перу.
Таа информираше дека им пружиле помош на Венецуелците, меѓу кои има и лица кои со денови ништо не јаделе. Преземени се потребни мерки бидејќи луѓето спиеле под отворено небо и во многу лоши услови.
На 14 јуни, петок, луѓето стоеја во долги редици пред граничниот премин кон северен Перу, додека граничните службеници им ги прегледуваа документите.
Од денеска Перу ќе бара патни исправи и виза од венецуелските мигранти, што многумина нема да можат да го исполнат. Во Перу веќе се наоѓаат 770.000 мигранти од Венецуела.