Ekip,Said İbicioğlu
23 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Петнаесет арапски земји, односно Саудиска Арабија, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Палестина, Јордан, Ирак, Јемен, Египет, Либија, Сирија, Либан, Алжир и Тунис, празникот Рамазан Бајрам ќе го одбележат во недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја пoтврдија надлежните органи на овие петнаесет земји.
Се вели дека последниот ден на месецот на постот е на 23 мај во сабота, и дека 24 мај во недела е првиот ден на месецот Шевал од исламслиот календар, на кој ќе се одбележи празникот Бајрам.
Исто така, се нагласува дека денот на бајрамот според астрономските пресметки се определува со крајот на месецот Рамазан и почетокот на месецит Шевал.