Vesna Besic
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
АЛЖИР - Обилни врнежи од снег ги зафатија високите делови на алжирскиот град Чериа, известува Анадолија (АА).
Алжирците беа среќни поради снежните врнежи, па ги исполнија околните ридови и уживаа во снегот. Температурата во Алжир овие денови ќе се спушти до два степени.
Според моменталната прогноза, снегот и лапавицата ќе продолжат да паѓаат во регионот и во наредните денови.

Поради снежните врнежи, претходните денови затворени беа и некои патишта во Алжир.
Снегот падна на планинските подрачја во северен и централен Алжир. Обилните врнежи од снег пропратени со грмежи предизвикаа забрзано натрупување на снегот.

Снегот продолжи да паѓа во поголемиот дел на источните алжирски покраини, создавајќи прекрасни глетки во голем број планински и крајбрежни подрачја. Жителите на крајбрежниот град Анаба му се радуваа на снегот по пауза од 15 години.
Ретка е појавата снегот да може да се види во комбинација со синилото на морската вода на плажата Вади ал Зухур.
