Faruk Zorlu
10 Август 2024•Ажурирај: 11 Август 2024
АНКАРА (АА) - Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, го обвини Израел дека утрово извршил геноцид во Газа, пренесува Анадолу.
Опишувајќи ја Газа како „најголем и најсрамен концентрационен логор на 21-от век“, Албанезе на X напиша: „Израел ги геноцидира Палестинците една населба по друга, една болница по друга, едно училиште по друго, еден бегалски камп по друг, една 'безбедна зона'“ по друга.
Коментарите на Албанезе дојдоа откако рано утрово израелската војска го бомбардираше училиштето Ал-Табаин во населбата Ал-Дараџ ,во источниот дел на градот Газа, во кој палестинските власти велат дека се убиени најмалку 100 Палестинци.
Таа укажа на употребата на американско и европско оружје во израелските напади, изразувајќи вознемиреност од, како што ја нарече, „рамнодушноста на сите ‘цивилизирани нации’“ кон ситуацијата во Газа.
„Нека ни простат Палестинците за нашата колективна неспособност да ги заштитиме, почитувајќи го најосновното значење на (меѓународното) право“, наведе Албанезе.