Michael Gabriel Hernandez
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе продолжи да ѝ обезбедува на Украина оружје за одбрана од руските напади, вклучително и напредни системи за противвоздушна одбрана, по вчерашните интензивирани напади на Кремљ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бајден „ја изрази својата осуда за ракетните напади на Русија низ Украина, вклучително и во Киев, и упати сочувство до најблиските на загинатите и повредените во овие бесмислени напади“, за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, соопшти Белата куќа.
„Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да ѝ ја пружа потребната поддршка на Украина за да се одбрани себеси, како и напредните системи за противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението.
„Тој, исто така, го нагласи неговиот ангажман со сојузниците и партнерите за продолжување на притисокот врз Русија, земајќи ја Русија одговорна за воени злосторства, и обезбедувајќи и на Украина безбедносна, економска и хуманитарна помош“, се додава од Белата куќа.
Зеленски, од своја страна, истакна дека противвоздушните системи се „приоритет број 1 на Киев во нашата одбранбена соработка“ со САД.
„Нам, исто така, потребно ние е и американското лидерство со цврстиот став на Г7 и со поддршка за нашата резолуција на ГС на ОН“, напиша тој на Твитер, мислејќи на Генералното собрание на Обединетите нации.
Бројот на загинати во вчерашните руски ракетирања во Украина се искачи на 11, додека околу 64 лица се повредени, според Државната служба за вонредни состојби на Украина.
„Ако говориме за цела Украина, тогаш, освен во Киев, ракетирања се регистрирани и во 14 други региони на државата“, изјави вчера Маријана Рева, портпаролка на Националната полиција на Украина.