Ömer Koparan
18 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АЈНУЛ АРАБ/АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК со фрлање мотолов коктел врз руско воено возило кое врши заедничка патрола со турските воени елементи во подрачјето на Ајнул Араб кое се наоѓа во северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Додека Агенција Анадолија (АА) ја снимаше заедничката копнена патрола на турско-руските воени елементи во Ајнул Араб, поддржувачите на оваа терористичка организација се обидоа да ги спречат оклопните возила.
Поддржувачите на терористичката организација излегоа пред оклопните возила и врз нив фрлеа камења и поставувајќи бетонски блокови на патиштата, се обидоа да прават провокации за време на патролирањето.
Задниот дел на едно од руското воено возило се запали поради молотовиот коктел фрлен од страна на поддржувачите на терористичката организација. Возилото извесно време запре, а потроа продолжи да се движи.
Со започнување на операцијата „Извор на мирот“, терористите се облекоа со цивилна облека во населените места во северниот дел на Сирија и се обидоа да провоцираат, за време на заедничките патроли.