Ahmet Gürhan Kartal
10 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Над 70 пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот што изби рано утринава во познатиот Камден Маркет во северен Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарникарната служба апелираше до жителите на Лондон да ги избегнуваат улиците во близина на маркетот, кои утринава беа блокирани од страна на полицијата.
„Пожарникарите на местото на настанот пристигнаа пред полицијата. Во оваа фаза, не знаеме дали има настрадани. Дополнително ќе ѝ се обратиме на јавноста со ажурирани информации“, се наведува во соопштението на лондонската полиција.
Трговскиот центар Камден изгоре во пожар во 2008 година, а по неколку месеци беше обновен и повторно отворен.
Станува збор за центар во којшто се наоѓаат над илјада продавници и кој претставува главна туристичка атракција во северен Лондон.