Ömer Aydın
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
ПАРИЗ (AA) – Француската полиција рано утринава ја започна евакуацијата на близу илјада мигранти кои се населени под мостот и на влезот на автопатот во местото Ла Чапел, во северниот дел на Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската управа на Париз соопшти дека воглавно се работи за мигранти од Авганистан и од Судан, кои илегално ги подигнале шаторите под мостовите и на влезот на автопатот.
„Евакуацијата на тие луѓе е нужна поради безбедносни причини, но и поради тоа што таквиот вид на кампови претставуваат хигиенски ризик за тие луѓе и за локалното население“, се наведува во соопштението на полицијата.
Ресорната француска министерка Емануел Кос изјави дека во процесот на евакуација учествуваат 350 полицајци и стотици претставници на општинските и невладините организации, а автобусите ги пренесуваат мигрантите во мигрантски центри во Париз и пошироко.
Поради недостатокот на кампови, мигрантите во Франција, а особено во Париз, често спијат во парковите, под мостовите, во метро станиците и на железничките станици.
Најголем број мигранти во Париз стасаа од Кале, каде што властите минатата година го затворија големиот мигрантски камп познат како Џунгла.