Barış Seçkin
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
РИМ (АА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама и поранешниот италијански премиер Матео Ренци му честитаа на Емануел Макрон, новоизбраниот претседател на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама, кој должноста на претседател на САД во јануари му ја предаде на Доналд Трамп, вчера допатува во Италија. Тоа е негова прва посета во странство откако не ја извршува функцијата на шеф на државата.
Поранешниот американски претседател дојде во Милано за да присуствува на конференцијата за климатски промени. Во таа пригода ги посети и историските знаменитости на градот.
Обама потоа оствари средба со Матео Ренци кој повторно е избран за лидер на Демократската партија (PD).
Медиумите јавуваат дека во таа пригода телефонски разговарале со Макрон и му честитале на победата. Изразиле задоволство по повод победата на Макрон и со францускиот претставник разговарале за случувањата во Европа, но и во светот.
Ренци преку социјалните мрежи изрази задоволство што повторно го видел стариот пријател и големиот лидер Обама, за кој тврди дека сѐ уште има многу работи да каже за светската политика.
По состанокот со Ренци, Обама присуствуваше на вечерата со италијанските официјални лица и стопанственици.