Cüneyt Karadağ
13 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
БЕРЛИН (АА) - Властите на Полска побараа од властите во Германија да ѝ допуштат испорачување на борбените авиони МиГ-29 на Украина, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на изјави на неименувани официјални лица, германската новинска агенција ДПА објави дека Полска побарала да ѝ се допушти да ѝ ги испорача на Украина авионите МиГ-29 купени претходно од Германија.
Германија во 2002 година ѝ продаде на Полска 23 борбени авиони МиГ-29, што ги презеде од Источногерманската национална народна армија.
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, изјави дека неговата земја ѝ испорачала на Украина 8 борбени авиони МиГ-29 од своите магацини.
Меѓутоа, за да може Полска да ги испорача борбените авиони купени од Германија, потребно е одобрение од Берлин.
Покрај Полска, и Словачка соопшти дека му испорачала на Киев 4 авиони МиГ-29.