Mahmut Atanur
18 Март 2019•Ажурирај: 19 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија, како резултат на поројните дождови, загинаа 84 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сутопо Пурво Нугрохо, портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPB), изјави дека во Џајапура, главниот град на провинцијата Папуа, во поплавите предизвикани од поројните дождови бројот на лицата што ги загубија своите животи од 70 се зголеми на 79.
„Во несреќата што се случи во регионот, 74 лица се повредени, а 43 лица се водат како исчезнати“, рече Нугрохо, истакнувајќи дека вкупно 12.000 луѓе се погодени од поплавите.
Од друга страна, соопштено е дека во поплавите и лизгањето на земјиштето што се случи во градот Јогјакарта, најмалку 5 лица ги загубиле своите животи, а едно лице се води како исчезнато.
Спасувачките екипи во регионите каде што се случи катастрофата продолжуваат со потрагата по исчезнатите лица.
Во провинцијата Јужен Сулавеси, во јануари, во поплавите и лизгањето на земјиштето како резултат на обилните дождови, 68 лица ги загубија своите животи.
Во Индонезија, каде што владее тропска клима, и којашто се наоѓа под влијание на монсунските дождови, во текот на годината често се случувааат поплави и лизгање на земјиштето.