Murat Temizer
03 Ноември 2022•Ажурирај: 04 Ноември 2022
ВАРШАВА (АА) - Американската компанија „Вестингхаус“ ќе ја гради првата нуклеарна централа во Полска чија изградба ќе чини приближно 20 милијарди долари, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки, јавува Агенција Анадолија (АА).
Моравјецки за новинарите говореше за процесот истакнувајќи дека Варшава напорно работи речиси пет години за подготовка за инвестирање во нуклеарната енергија.
Според енергетската стратегија на полската Влада, земјата ќе изгради шест нуклеарни енергетски единици со вкупен капацитет помеѓу 6 и 9 гигавати.
Првата фабрика ќе биде лоцирана во крајбрежниот регион Лубијатово-Копалино во северниот дел на земјата.
Првиот реактор ќе започне да работи во 2033 година и ќе произведува 1 - 1,6 гигавати енергија. Следните реактори ќе се градат на секои две години.
Полскиот премиер потврди дека ќе бидат изградени уште две нуклеарни централи, потпирајќи се „не само на докажани технологии, туку и на докажани партнери“.
Тој истакна дека за втората нуклеарна централа склучен е договор со Јужна Кореја и дека се прават планови за третата централа.