Mücahit Aydemir
03 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
КУДС (АА) - Израелските сили убија Палестинец во близина на месџидот „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс со тврдење дека извршил напад со нож, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на радиостаницата на израелската Армија, израелската полиција го убила лицето кое извршило напад со нож, а двајца израелски полицајци се здобиле со лесни повреди во случајот.
Очевидци во изјава за новинарот на АА нагласија дека сѐ уште неидентификувано младо лице во близина на месџидот „Ал Акса“ лежело на земја пред израелските полицајци.
Во соопштението на Управата за исламски вакафи во Кудс се истакнува дека по овој случај, израелските полицајци веднаш ги затвориле вратите на месџидот „Ал Акса“, како и влезовите и излезите во комплексот.
Како што соопшти израелската полиција, Палестинецот бил застрелан при обид за напад нож врз израелските полицајци.
Во полициското соопштение не се дадени детали за случајот, како ни за идентитетот на Палестинецот.