10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ТРИПОЛИ (АА) - Премиерот на Либија, Абдулхамид Дбеибе, преживеа обид за атентат откако непознати напаѓачи пукале кон неговиот автомобил во главниот град Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Врз автомобилот на Дбеибе беа испукани куршуми рано утрово“, објави либискиот телевизиски канал „Ал Ахрар“, цитирајќи владини извори.
„Премиерот не беше повреден во нападот“, се вели во соопштението.
Обидот за атентат доаѓа во услови на тековната борба за власт во Либија, бидејќи Дбеибе, кој од март ја предводи либиската Влада поддржана од Обединетите Нации (ОН), се соочува со обид од Парламентот да биде заменет.
Претставничкиот дом со седиште во Тобрук треба да се состане денеска за да избере нов премиер, случување кое ќе нанесе голем удар на напорите за решавање на долгогодишниот хаос во земјата богата со нафта.
Сепак, Дбеибе вчера вети дека неговата влада ќе продолжи да работи за да обезбеди Либија да не поминува низ нова преодна фаза и дека нема да дозволи „доминантната политичка класа од минатото да продолжи во следните години“.