Hüseyingulu Hüseyinzade
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
ВАРШАВА (АА) - Полскиот премиер Матеуш Моравиецки рече дека Русија планира наскоро да заземе една третина од Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Моравиецки во интервју за „Си-ен-ен“ (CNN), истакнувајќи дека руските војници се прегрупираат, рече: „Мислам дека ќе се обидат брзо да ги опколат украинските сили, особено во регионот на Донбас. Тие ќе сакаат да преговараат од многу посилна позиција откако ќе заземаат една третина од украинската територија.“
Премиерот, наведувајќи дека Русија е загрижена за долгорочните санкции, нагласи дека Полска е за тоа да се направи сѐ што е можно за да се стопира купувањето руска нафта и природен гас.
Полскиот премиер исто така додаде дека Русија е подготвена за војна во следните неколку месеци, но дека не е сигурен дали Европската Унија и НАТО се подготвени на ист начин за оваа можност.