Kaan Bozdoğan
01 Ноември 2024•Ажурирај: 02 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган се сретна со ирачкиот премиер Мухамед Шија ал Судани во Истанбул, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган го пречека ирачкиот премиер Ал Судани на влезот од палатата Вахдетин. Ердоган потоа одржа средба со Ал Судани, а по средбата го прошета гостинот низ палатата.
На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.