Gülsüm İncekaya
19 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Масовни гробници со 49 тела се пронајдени во североисточниот дел на Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Обединетите нации (ОН), Фархах Хак, во Њујорк изјави дека масовните гробници со 49 тела се пронајдени во североисточниот дел на земјата по минатонеделниот напад на бунтовниците.
Хак соопшти дека во масовната гробница во селото Нјамамба се пронајдени 42 тела, од кои 6 биле деца, а 7 тела се пронајдени во гробницата откриена во селото Мбоги.
Зборувајќи дека војниците на Мировниот корпус добиле информации дека членовите на бунтовничката група Алијанса за развој на Конго (CODECO) извршиле напад врз цивилите во текот на викендот, заменик-портпаролот Хак додаде „Војниците ужасната масовна гробница со цивили ја пронашле за време на патролирањето.“
Претставниците на локалната власт информираа дека голем број жени се киднапирани за време на нападот на припадниците на КОДЕКО врз селата.
Според соопштението на ОН, од декември досега најмалку 195 лица се убиени од страна на КОДЕКО и други вооружени бунтовнички групи.