Elena Trenchevska Chekovic
11 Септември 2025•Ажурирај: 13 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Група пропалестински демонстранти одржаа протест во близина на британската Амбасада во Вашингтон, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Демонстрантите маршираа до Амбасадата, додека безбедносните службеници презедоа соодветни безбедносни мерки.
Демонстрантите истурија црвена боја на пешачкиот премин, што ги симболизира израелските напади врз Палестинците во Газа.
Израел уби повеќе од 64.600 Палестинци во бруталната офанзива во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата и го турна голем дел од населението на територијата во глад.