İslam Doğru
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во центарот на Њујорк синоќа беа одржани масовни протести поради забраната за патување во седум земји, која американскиот претседател Доналд Трамп ја донесе поради безбедносни причини, а Врховниот суд на САД ја одобри, јавува Anadolu Agency (AA).
На плоштадот „Фоли“ се собраа стотици активисти и претставици на 80 невладини здруженија, вклучувајќи го и Советот за американско-исламска соработка (CAIR).
Против забраната на Трамп за патување во седум земји, меѓу кои пет се доминатно муслимански, синоќа протестира претставници од различни етнички и верски групи.
„Стоп за забраните“, „Не за нацистите во Белата куќа“, беа некои од пораките на транспарентите, а насобраните ги извикуваа слоганите „Сите сме муслимани“ и „Ова се наши улици“.
Јавниот адвокат во Њујорк, Летиција Џејмс, остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд со која се одобрени мерките на Трамп.
„Не се тука проблем муслиманите, ниту бегалците. Проблемот е омразата. Ова е бел национализам. Тоа не сме ние“, порача Џејмс.
И началничката на Менхетен, Гејл Бруер, упати слична порака на демонстрациите.
„Ова е потполно погрешна одлука. Ќе продолжиме неуморно да се бориме против тоа“, изјави Бруер.
Активистката Линда Сарсур тврди дека администрацијата на Трамп оди сè подлабоко со расизмот и фашизмот.