Elena Teslova
03 Февруари 2023•Ажурирај: 04 Февруари 2023
МОСКВА
Само 80 години по завршувањето на Втората светска војна, германските тенкови повторно ѝ се закануваат на Русија, рече претседателот на Русија Владимир Путин вчера, обраќајќи се настанот по повод 80-годишнината од битката за Сталинград, известува Анадолу.
Зборувајќи на концертот во организиран градот Волгоград (некогашен Сталинград), Путин рече дека Сталинградската битка не е клучна само за градот, туку и за исходот на Втората светска војна.
„Битката за Сталинград со право влезе во историјата како фундаментална пресвртница во Големата патриотска војна“, рече Путин.
Зборувајќи дека битката траела 200 дена и го претворила градот во урнатини, Путин истакна дека советската армија била помала и полошо опремена од нацистичките трупи, но извојувала победа бидејќи се „борела за вистината“.
Сметана за една од најкрвавите во историјата, со околу 1,5 до 2 милиони загинати од двете страни, Сталинградската битка (1942-1943) го смени текот на судирот во Втората светска војна.
„Наша морална должност, пред сѐ кон победничките војници, е да го негуваме и чуваме споменот на овој подвиг во целост, да им го пренесеме на идните генерации, да не му дозволиме на никој да ја омаловажува или искривува улогата на Сталинградската битка во победата над нацизмот, во ослободувањето на целиот свет од ова монструозно зло“, рече Путин.
Рускиот претседател рече дека сега нацистичката идеологија „повторно создава директни безбедносни закани“ кон Русија, која повторно се бори против „колективниот Запад“.
Путин посочи дека германските тенкови Леопард 2, сега се испраќаат во борба во Украина со истите црни крстови како и нивните нивните претходници, нацистичкиот Пантер, за да се бори против Русија.
Тој ги предупреди „оние кои ги вовлекуваат европските земји, вклучувајќи ја и Германија, во нова војна со Русија“ дека „современата војна со Русија за нив ќе биде потполно поинаква“.
Битката за Сталинград заврши на 2 февруари 1943 година со предавање на нацистичката војска. Во оваа битка загинаа речиси 500.000 советски војници и околу 800.000 војници на Вермахтот (Wehrmacht).