Şeyma Uzundere
10 Јули 2024•Ажурирај: 12 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Реакции предизвика одлуката за приведување на политикологот Франсоа Бурга, познат по написите за антиисламизам и за арапскиот свет, поради неговата објава за Газа на своите профили на социјалните мрежи, јавува Анадолу.
За францускиот експерт Бурга, кој поради објавата за нападите на Израел врз Газа на социјалните мрежи на 2 јануари беше цел на еврејска организација, донесена е одлука за притвор поради спроведување „терористичка пропаганда“, откако вчера рано наутро беше повикан да даде изјава во полициската станица во градот Екс ан Прованс.
Рафик Чекат, основач на платформата за исламофобија и адвокат на Бурга, изјави:
„Скандалозно е што на академик во Франција му е одземена слободата поради неговите политички изјави за надворешни конфликти.“
Адвокатот Чекат рече дека неговиот клиент на обвинувањата против него на рочиштето дал искрени и детални одговори, со референци за изворите.
Додека приведувањето на академикот поради неговата објава за Газа наиде на реакции на социјалните мрежи, политикологот Бурга на својот профил на социјалната мрежа X објавувајќи дека бил повикан да сведочи за „терористичка пропаганда“, наведе:
„До кога Франција ќе се дрзнува да ѝ дели лекции за ‘човекови права’ и ‘слобода на изразување’ на остатокот од планетата?“
Бурга се издвојува како име чии референци поради неговата работа на полето на исламизмот, антиисламизмот, арапскиот свет и тероризмот ги користат Собранието и француските официјални институции.
Наредбата за притвор на Бурга спроведена по пријавата од страна на Европската еврејска организација (ОЈЕ) беше укината вчера околу 16 часот по локално време.