Elena Teslova
10 Јули 2024•Ажурирај: 12 Јули 2024
МОСКВА (АА) - Најмалку три лица загинаа при пад на лесномоторен цивилен авион во рускиот регион Татарстан, пренесува Анадолу.
Авионот Цесна-17 се урна денес во близина на селото Камскоје Устје на падините на планината Лобач.
Новинската агенција ТАСС јавува дека во несреќата загинале двајца возрасни и едно дете, а едно лице е повредено.
Причините и околностите за несреќата се предмет на истрага.