Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
14 Август 2020•Ажурирај: 14 Август 2020
ИДЛИБ
Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и терористичките групи кои го поддржуваат Иран, во минско поле пуштија група од 100 лица кои одбија да се борат во нивните редови и сакаа да преминат во регионите под контрола на опозицијата. Во експлозиите во минското поле загинаа 8, повредени се 15 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите кои новинарот на АА ги доби од извори блиски на опозицијата, група од 100 лица сакале да преминат на територијата под контрола на опозицијата, откако одбиле да бидат принудно регрутирани во редовите на режимот на Асад.
Цивилите од градот Дера, во придружба на војниците на режимот на Асад и припадниците на терористичките групи кои ги поддржува Иран, се префрлени во местото Нубул, во близина на Алепо, кое е под контрола на режимот.
Цивилите кои сакаа да преминат на подрачјето на Африн и Идлиб, а кои ги контролира опозицијата, потоа се упатија низ минското поле. Во експлозиите со мини загинаа најмалку 8, а повредени се 15 лица. Ранетите се префрлени во болниците во Африн.
Сѐ уште не се знае што е со останатите 77 лица од групата.