Dmitri Chirciu
14 Март 2022•Ажурирај: 15 Март 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија информираше дека во украинскиот напад на градот Доњецк животот го загубиле 20 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, во изјавата дадена во главниот град Москва рече: „Градот Доњецк беше нападнат со тактичка ракета ‘Точка-У' од територијата што е под контрола на администрацијата на Киев.“
Посочувајќи дека цел на нападот биле цивилите, Конашенков рече: „20 цивили загинаа како резултат на експлозија на касетни бомби во центарот на Доњецк, а 28 цивили, меѓу кои и деца, се тешко повредени и пренесени во болница.“
Конашенков тврди дека „ова е воено злосторство“.