Emre Gürkan Abay
23 Септември 2022•Ажурирај: 24 Септември 2022
МОСКВА (АА) – Јапонската автомобилска компанија „Тојота“ ја затвори фабриката во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за индустрија и трговија на Русија потврди дека фабриката на „Тојота“ во Санкт Петербург е затворена.
Во соопштението се наведува дека компанијата ќе продолжи да ги исполнува обврските кон работниците во фабриката и дека ќе продолжи со постпродажната поддршка за своите возила во Русија.
Рускиот весник „Комерсант“ пренесува дека „Тојота“ не се повлекла од рускиот пазар, туку дека одлучила да ја затвори фабриката бидејќи имала потешкотии да ги набави потребните делови за производство.