Emre Gürkan Abay
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
МОСКВА
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека што побрзо би требало да се постигне прекин на огнот во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Изјавите кои содржат воена поддршка на земјите во регионот додаваат бензин на огнот. Ние сме категорички против тоа“, изјави Песков.
Тој истакна дека ја следат ситуацијата на тоа подрачје.
„Потребно е длабоко да се анализира развојот на настаните во Нагорно Карабах. Ги следиме сите случувања и ги користиме овие информации за воспоставување на нашиот иден пристап и одредување на чекорите што треба да ги преземеме со нашите партнери во Организацијата на Договорот за колективна безбедност“, изјави Песков.
Тој ги повика сите земји, вклучувајќи ги партнерите како Турција, да направат спротивставените страни по политички и дипломатски пат да се вратат на мирно решение за судирите што траат веќе долго.