Elena Teslova
31 Декември 2022•Ажурирај: 01 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Министерството за надворешни работи на Русија вчера изрази загриженост поради ситуацијата во коридорот Лачин, рута што ја поврзува Ерменија со кавкаската територија Карабах, известува Агенција Анадолија (АА).
„Руската страна, особено раководството на рускиот мировен контингент, продолжува да презема чекори кои се доследни за решавање на ситуацијата“, наведе портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа го критикуваше провоцирањето на руските мировни сили, додавајќи дека Москва ги смета нападите врз своите сили за „неприфатливи и намерни акции кои нанесуваат материјална штета на процесот за нормализација на ерменско-азербејџанското прашање“.
„Ги повикуваме Баку и Ереван стриктно да се придржуваат до сите одредби на изјавите на лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија од 9 ноември 2020 година. Напоменуваме дека коридорот Лачин треба да се користи само за потребите наведени во тој документ. Се надеваме дека страните ќе постигнат договор за развој за наоѓалиштата на руда во регионот“, нагласи Захарова.
Односите меѓу Ерменија и Азербејџан ескалираа во текот на овој месец во врска со коридорот Лачин, а Ереван го обвини Баку дека го блокирал овој премин.
Азербејџан наведува дека невладините организации од оваа земја на коридорот Лачин протестирале поради илегалната експлоатација на природните ресурси и други незаконски активности на Ерменија, но не го затвориле или блокирале коридорот.