Emre Gürkan Abay
26 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
МОСКВА (АА) - Русија испрати воени авиони од типот „Су-35“ за воени вежба во Белорусија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението не е наведена точната бројка на испратени авиони од типот „Су-35“.
Се истакнува дека овие авиони ќе учествуваат во заедничката воена вежба која ќе се одржи во Белорусија заедно со Русија.
Воената вежба именувана како „Сојузничка одлучност - 2022“, ќе започне на 10 февруари.