Dmitri Chirciu
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека крстосувачки ракети со висока прецизност погодиле складишта за гориво во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството, Игор Конашенков, во Москва даде информации за активностите на Руската армија во војната во Украина.
Тој додаде дека Руската армија продолжува да напредува во Украина и да зазема населени места.
„Складиштата за гориво лоцирани во населените места Днипро, Лисичанск, Чухуев и Новомосковск беа уништени со крстосувачки ракети со висока прецизност на 30 март. Од тие области беше испратено гориво за украинските воени единици во Донбас“, рече Конашенков.
Според него, во текот на ноќта во Украина биле уништени 52 воени инфраструктурни објекти.
„Досега се уништени вкупно 124 авиони, 77 хеликоптери, 216 противвоздушни системи, 341 беспилотно летало, 1.815 тенка и други различни оклопни возила, 195 повеќецевни ракетни фрлачи, 762 хаубици и 1.689 специјални воени возила“, изјави Конашенков.