Elena Teslova
20 Декември 2024•Ажурирај: 20 Декември 2024
МОСКВА (АА) - Русија денес соопшти дека извршила напад користејќи прецизно оружје со долг дострел, насочен кон објектите на украинското биро за дизајн „Луч“, кое е вклучено во производството на ракети и одржувањето на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ испорачани од САД, јавува Анадолу.
Министерството за одбрана соопшти дека акцијата била одговор на нападот во средата во кој се употребени шест тактички проектили „АТАКМС“ од американско производство и четири крстосувачки ракети „Сторм Шадоу“ врз руската фабрика „Каменски“ во областа Ростов.
„Сите цели беа погодени“, соопшти руското Министерството.
Претходно руски и украински медиуми објавија за голема експлозија во Киев, а потоа и за четири помали. Првичната експлозија настанала од рускиот напад, а последователните детонации се поврзуваат со системите за воздушна одбрана.