Elena Teslova
19 Мај 2022•Ажурирај: 20 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Русија денеска во одмазднички потег прогласи пет португалски дипломати за персона нон грата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикало португалската амбасадорка во Москва, Мадалена Фишер и ѝ изразило „одлучен протест“ поради „провокативната одлука“ да се прогласат 10 руски дипломати за персона нон грата.
„Овој непријателски чекор ќе има негативно влијание врз руско-португалските односи“, соопшти руското Министерство.
„Португалските дипломати мора да ја напуштат Русија во рок од 14 дена“, се додава.