Ekipa
13 Декември 2018•Ажурирај: 14 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Русија објави дека наредила протерување на словачки дипломат, како одговор на потегот од страна на Словачка поради наводното шпионирање на руски дипломат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Словачкиот премиер Петер Пелегрини минатата недела изјави дека Словачка протерала руски дипломат, објаснувајќи дека неговите активности биле насочени против Словачка и НАТО.
Марија Захарова, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, изрази жалење поради „непријателскиот потег“ на Словачка, и објави дека Москва наредила протерување на словачкиот дипломат, како реципроцитетна мерка.
За разлика од многу други земји, Словачка не ги протера руските дипломати во март оваа година поради труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Салсбери. Велика Британија за труењето ја обвини Русија, што Москва остро го отфрла.