Ali Cura
22 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
МОСКВА
Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој беше хоспитализиран во Русија под сомнение за „токсично труење“, пренесен е во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Навални, Кира Јармиш, во соопштението објавено на својот профил на социјалните мрежи рече дека Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија, со специјален авион се пренесени во Германија.
Исто така, се наведува дека третманот на Навални ќе продолжи во приватна универзитетска болница.
Во текот на враќање од сибирскиот Омск во Москва на 20 август, 44-годишниот Навални остана без свест во авионот, а по принудното слетување беше хоспитализиан во Омск, под сомнение за „токсично труење“ со супстанца измешана во неговиот чај.