Ali Cura
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Еден од лидерите на руската опозиција и основач на Фондот за борба против корупција, Алексеј Навални, е лишен од слобода непосредно откако е пуштен од затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Најблискиот соработник на Навални, Леонид Волков, соопшти дека Навални повторно е уапсен штом излегол од затворот во кој бил во едномесечен притвор.
Тој појасни дека лишувањето од слобода е извршено поради нередите што избиле за време на протестите поради неговото првобитно апсење.
Волков, исто така, соопшти дека Навални во затвор би можел да помине и наредните 20 дена.