Sümeyye Dilara Dinçer
05 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
ЕНСИНО
Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа на минибус со мигранти во американската сојузна држава Тексас, известува Агенција Анадолија (АА).
Властите објавија дека несреќата се случила на 80 километри од градот Мекален, Тексас.
Наредникот Натан Брендли од Одделот за јавна безбедност на Тексас изјави дека минибусот со капацитет од 15 лица, превезувал патници над дозволеното. Возачот на минибусот во еден момент изгубил контрола над возилото и удрил во електричен столб и во сообраќајниот знак.
Брендли соопшти дека во несреќата животот го загубиле 10 лица и додаде дека 20-мина повредени се во тешка здравствена состојба.