Dildar Baykan
04 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Патнички авион од типот „Боинг 737“ (Boeing 737), откако слета на аеродром во американската сојузна држава Флорида, излета од пистата и падна во река, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на американските медиуми, авионот од типот „Боинг 737“, кој во последниот период беше актуелен поради несреќите кои се случија во Индонезија и Етиопија, излетал од писта во Флорида.
Авионот полетал од Гвантанамскиот Залив во Куба, а во него патувале 136 патници.
Откако слетал на аеродромот во Џексонвил, авионот излетал од пистата и паднал во реката Сент Џон.
Се вели дека нема жртви во несреќата, додека две лица се здобиле со лесни повреди.