Kasım İleri
26 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
ВАШИНГТОН
Армијата на САД во Сирија нападна една група поддржана од Иран со образложение дека е поврзана со нападите во Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за дописникот на АА, одговорно лица од одбраната на Соединетите американски држави (САД) потврди дека нападнале една група во Сирија, поддржана од Иран, за која се смета дека е поврзана со ракетните напади во Багдад и Ербил.
Одговорното лице од одбраната на САД не даде повеќе детали за извршениот напад.
Од друга страна, во американските медиуми се тврди дека претседателот на САД Џо Бајден го одобрил нападот и дека станува збор за само еден воздушен напад.