Mohamad Misto,Levent Tok
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ЛЕВЕНТ ТОК/МУХАММЕД МИСТО -
Соединетите Американски Држави (САД) и терористичката организација ЈПК/ПКК која е сојузник на САД, обезбедија обука за 700 терористи во Сирија кои потоа ги вклучија во редовите на оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
САД продолжуваат со поддршката за логистика и обука за терористичката организација ЈПГ/ПКК, на која ѝ помагаат со образложение дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ.
ЈПГ/ПКК, која го окупираше североисточниот дел на Сирија, со поддршка на САД во последните неколку месеци обучи 700 терористи.
Претходно обуките биле организирани во местата Ајн Иса и Тел Абјад кои се наоѓаат на границата со Турција, додека по преговорите за безбедносна зона меѓу САД и Турција, овие обуки се преместија во камповите во јужниот и источниот дел на земјата.
Од страна на воените советници на САД, во местото Шедади кај Хасека, место во северниот дел на центарот на градот Рака, како и во Табка, биле обучени 700 терористи, кои потоа се вклучиле во редовите на ЈПГ/ПКК.
Поголемиот дел од овие лица со арапско потекло, добија и идеолошка обука од страна на ЈПГ/ПКК.
Според информациите добиени од Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM), во рамки на оваа обука лицата добиваат обука од различни области како внатрешна безбедност, обука за откривање и уништување на рачно изработен експлозив, како и во областа на контратероризмот.
САД, кои од 2015 година досега обезбедуваат воена поддршка за ЈПГ/ПКК под изговор дека водат борба против ДЕАШ, во Сирија сѐ уште имаат околу 2.000 персонал во 18 бази и воени точки.
ЈПГ/ПКК продолжува да окупира една третина на териториите на Сирија.