Betül Yürük
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Постојаната преставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, по одлуката за нови економски санкции на Советот за безбедност при ОН, одговори на заканата на Северна Кореја врз САД, и истакна: „Тие ќе реагираат, ќе се закануваат, но нема да се плашиме и да бегаме“, јавува Anadolu Agency (AA).
Хејли во интервју за ТВ-каналот „Fox News“ даде оцена за новите санкции за Северна Кореја, која покрај одлуките на Советот за безбедност при ОН, ќе продолжи со тестирање на балистички проектил.
Хејли новите санкции ги опиша како „удар“ врз Северна Кореја, и истакна дека од агресивниот став на оваа земја како и од реакциите кои ги покажува, се забележува дека оваа земја е загрижена од санкциите.
Исто така, Хејли пренесе дека овој пат Кина и Русија, кои таа претходно ги критикуваше дека не вршат доволно притисок врз Северна Кореја за да стави крај на нуклеарните активности, дале поддршка за одлуката на Советот за безбедност при ОН за санкциите.
„Северна Кореја сега гледа дека меѓународната заедница е еден глас. Кина не направи чекор назад, Русија не се повлече. Сите во Советот за безбедност рекоа 'доста веќе, повеќе нема да ја дозволиме оваа индиферентност и неодговорност'. Северна Кореја, 90 отсто од својата трговија ја врши со Кина. Затоа беше многу важно Кина да ги поддржи овие санкции, а Кина истакна дека ќе ја зголеми нејзината ефикасност и ќе ги применува санкциите“, истакна таа.
- „Нема да се плашиме и да бегаме“ -
„Ќе реагираат, ќе се закануваат, но нема да се плашиме и да бегаме“, истакна Хејли во врска со предупредувањето на Северна Кореја упатено кон САД, коешто вели: „Подготвени сме да им одржиме сериозна лекција“.
Хејли тврди дека Северна Кореја секој долар го користи за произведување нуклеарно оружје наместо да го храни својот народ. Таа додаде дека овие санкции ќе го намалат капацитетот на Северна Кореја за тестирање проектили.