Ekipa
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот земјоделец Седрик Херу е осуден за тоа што и помагал на мигрантите илегално да влез во Франција од Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Апелациониот суд во Екс ан Прованс, во јужниот дел на Франција, во вторникот на Херу му изрече условната четиримесечна затворска казна.
Властите велат дека во последниве години околу двесте мигранти примиле помош од Херу, кој ги криел во својата фарма во долината Роја во Алпите, во близина на границата со Италија.
Тој исто така им помагал да патуваат низ Франција користејќи го своето возила.
Францускиот закон од 2012 година дава правен имунитет на оние луѓе кои им помагаат на мигрантите, меѓутоа тужителите тврдат дека Херу го прекршил законот.
Херу за француските медиуми изјави дека воопшто не жали и дека ќе продолжи да им помага на мигрантите, истакнувајќи дека тоа е граѓанска должност.
Против него е покрената уште една судска истрага, откако беше повторно уапсен минатиот месец.