Emel Öz Gözellik
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Откако Доналд Трамп во јануари стана американски претседател, само еднаш одржа самостојна конференција за новинарите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Си-ен-ен објави дека Трамп само еднаш во текот на 200 дена, колку што е долго американски претседател, одржал прес-конференција за новинарите на 16 февруари.
Така што Трамп стана претседател со најмалку одржани прес-конференции во првите 200 дена од службата, уште од 1953 година.
Во истиот период на власт Барак Обама одржа девет прес-конференции, Линдон Џонсон 19, и Џорџ Х. В. Буш, 18 прес-конференции.
Покрај тоа, Трамп за време на мандатот смени тројца директори на комуникации, портпарол, шеф на кабинетот и заменик-шеф на кабинетот.
Дирекцијата за комуникации воедно е оддел во Белата куќа во кој има најмногу промени во текот на седумесечното претседателствување на Трамп.